Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Никола, Мирликиски Чудотворец
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 
Свети Никола, Мирликиски Чудотворец
20.12.2018.

 

Sample Image

 

На 19. 12. 2018 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип и Брегалничката епархија, Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип.

Повеќе информации за овој настан на веб-страната на Брегалничката епархија.

 

 
< Претходно   Следно >