Монографија за Дебарско-кичевската епархија |
17.12.2018. | |
![]()
На 16. 12. 2018 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која, во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф, епископите Климент и Јаков, архимандритите Нектариј и Григориј, како и бројно свештенство од речиси сите епархии на МПЦ-ОА. На крајот на Литургијата, Митрополитот Пимен се обрати кон верниот народ со пригодна беседа. По завршувањето на Литургијата се одржа промоција на Монографијата „Дебарско-кичевска епархија (1967-2017)“. Повеќе информации за овој настан на веб-страната на Дебарско-кичевска епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|