Хиротонија на Епископот Полјански, г. Јаков |
26.11.2018. | |
На 25 ноември 2018 година, беше извршена хиротонија на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков на Божествената Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча, Струмица. На Литургијата чининачалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереите на САС на МПЦ – ОА: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и Aдминистратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент. Пристапна беседа на новоизбраниот епикоп Полјански, г. Јаков. Повеќе информации на Преминпортал. |
< Претходно | Следно > |
---|