Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Наречение на новоизбраниот епископ, г. Јаков
 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Наречение на новоизбраниот епископ, г. Јаков
26.11.2018.

 

Sample Image

 

На 24 ноември 2018 година, во црквата „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, се одржа Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков. Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот Архиерејски Синод, на чело со поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.

Отец Јаков е замонашен во 2005 година од страна на Митрополитот Струмички г. Наум, во манастирот во Водоча. Од 2010 година е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село. Дипломирал на теолошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во 2017 година е произведен за архимандрит во храмот „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Солунски“, Струмица. Во септември годинава е избран за викарен епископ на Митрополитот Струмички г. Наум, со титула Епископ Полјански.

Повеќе информации на Преминпортал.

 
< Претходно   Следно >