Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Ракополагање на ѓакон

Настани во најава


29. 09. 2019 година
Осветување на храмот „Св. Јован Крстител“ во село Ветерско; Sample Image
храм „Св. Јован Крстител“ Ветерско; 08.00 часот;

 
13. 10. 2019 година
Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес; Sample Image
осветување на црковна трпезарија и помошни простории;
храм „Св. Кирил и Методиј“ Велес; 08.00 часот;

 
19. 10. 2019 годинa
Света Божствена Литургија по повод 10 годишнината од осветувањето на храмот „Св. Илија“ Ридот, Велес Sample Image
храм „Св. Илија“ Ридот; 08.00 часот.
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Ракополагање на ѓакон
29.10.2018.
Sample Image
 
Sample Image

На празникот на преподобната маченичка Параскева-Петка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на Повардарската епархија отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон, дипломираниот теолог Љупче Силев од Чашка.

Преподобна Параскева (Петка)  27/10/2018

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

 
< Претходно   Следно >