Осветување на црква во Отовица |
24.10.2018. | |
![]()
На 21. 10. 2018 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и бројно свештенство на епархијата, изврши осветување на црквата „Св. Ѓорѓи“ во велешката населба Отовица. По чинот на осветување се отслужи и првата Божествена Литургија во новоизградениот храм. По чинот на осветувањето на храмот, Митрополитот Агатангел додели Благодарници на повеќе лица, кои ја помогнаа изградбата на овој храм. Во предвечерјето на овој свет чин беше отслужена и Вечерна богослужба во храмот.
|
< Претходно | Следно > |
---|