Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Архиепископски црковно-народен собор
Архиепископски црковно-народен собор
9.10.2018.

 

Sample Image

 

Изминатиот викенд, 06 и 07 октомври 2018 година, се одржа Архиепископски црковно-народен собор, во Калишта, Струга и во Охрид.

Соборот започна на 06 октомври, и како што доликува на секое христијанско собрание, истиот започна со Призив на Светиот Дух, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга. По пригодните молитви, почна заседанието на Соборот, најпрво со свечен дел, на кој свое обраќање имаше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија, г. Даријан Сотировски. По свечениот дел, следуваше работниот дел на заседанието, на кој се разгледуваа повеќе прашања од актуелниот живот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Сите прашања, со искрена и корисна дебата, беа решени во еднодушност, а покрај другото, Соборот реши Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија да ја носи титулата Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Истиот ден, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше одржана Свечена академија, на која свое обраќање имаше Архиепископот г.г. Стефан, а храмот се исполни со прекрасните звуци на хорот при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје, како и од братството на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“. На Академијата беше прикажано и видео за Вториот црковно-народен собор.

Sample Image Овогодинешниот Јубилеен собор заврши на 07 октомври, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф и епископот Климент, како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати со пригодна беседа кон неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни за да го прослави овој свечен и јубилеен ден.

Повеќе информации и фото материјал на веб-сајтот на Дебарско-кичевската епархија.

 
< Претходно   Следно >