Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Призив на Светиот Дух, Богословија

Почитувани,

Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со КОВИД-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 05.06. 2020 (Петок) и 06.06.2020 (Сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Во тој спомен (на нашите претходно упокоени) на ден 06. 06. 2020 (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа.

 
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Призив на Светиот Дух, Богословија
3.09.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image „Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.

Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во параклисот во Богословијата во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, и голем број на свештенослужители, меѓу кои и свештениците-професори во Богословијата. На Литургијата присуствуваше и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

 

 
< Претходно   Следно >