Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преображение, 2018

Почитувани,

Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со КОВИД-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 05.06. 2020 (Петок) и 06.06.2020 (Сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Во тој спомен (на нашите претходно упокоени) на ден 06. 06. 2020 (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа.

 
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Преображение, 2018
20.08.2018.

 Sample Image

Sample ImageНа големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и бројно свештенство од целата епархија.

Архиепископот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици, а на крајот на Литургијата, Ахиепископот заедно Митрополитите и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 
< Претходно   Следно >