Групна крштевка на реката Бабуна |
13.07.2018. | |
![]()
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 21. 07. 2018 година (сабота) и беше единаесетта по ред, бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква примајќи ја Светата Тајна – Крштение, изнесуваше 11. Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија свештеник Драги Гаштарски, свештеник Александар Стеваноски и ѓакон Никола Ѓорѓиевски. Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква.
|
< Претходно | Следно > |
---|