Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Примање на Света Тајна - Свештенство
Примање на Света Тајна - Свештенство
18.06.2018.

 

Sample Image

 

 Sample Image На 17. 06. 2018 година, во храмот посветен на светите просветители Кирил и Методиј во Велес, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од велешкото намесништво на Повардарската епархија. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Александар Стеваноски од Велес, со што клирот на Повардарската епархија беше збогатен со уште еден свештеник. Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

 
< Претходно   Следно >