Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Архиерејска Литургија во Охрид
Sample Image Sample Image Sample Image 
  
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Архиерејска Литургија во Охрид
11.06.2018.

 

Sample Image

 

На 10.06.2018 година, во Втората недела по Педесетница и на празникот на свети Варлаам Архиепископ Охридски, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васил Ристовски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа. Потоа беше осветен и новиот конак кај храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, а беше отворена и новата црковна продавница „Кандило“, сместена во истиот конак.

Повеќе информации на интернет страната на Дебарско-кичевската епархија.

 
< Претходно   Следно >