Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Екскурзија за децата со церебрална парализа од Велес
Екскурзија за децата со церебрална парализа од Велес
1.06.2018.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оствари уште една успешна средба со членовите на здружението на лица со церебрална парализа од Велес, со која продолжува повеќегодишната соработка помеѓу ова здружение и Повардарската епархија. Овој пат, на барање на ова здружение, остваривме посета на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Горобинци и излетничкиот центар „Ѓуриште“ кај Свети Николе. И ова, ново дружење, со дечињата и нивните родители, повторно беше исполнето со радост, бидејќи на еден ден децата и нивните родители заборавија на проблемите со кои секојдневно опстојуваат и се посветија на прекрасната дружба. Повардарската епархија им изразува благодарност на г-ѓа Далиборка Златева, претседател на ова здружение, како и на сите дечиња и нивните родители, за одржувањето на оваа жива врска меѓу Повардарската епархија и ова здружение кои со секоја нова активност ја прават се подлабока и позначајна. 

 

Sample Image
 
Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >