Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow 1000 години - Охридска архиепископија
1000 години - Охридска архиепископија
30.05.2018.

 

Sample Image

 

Историскиот од на македонскиот народ немоновно се преплетува и со историскиот од на нашата света црква, која се јавува како еден од главните фактори во просветувањето, односно во образованието на човековите личности. Истовремено, таа се јавува и како чувар на идентитетот на народот и како директен „виновник“ за сочувувањето на македонскиот народ како посебен, самостоен народ, народ кој има своја култура, јазик, писмо, вера. Токму затоа, и Охридската архиепископија имала, а и денес има, толкаво значење за македонскиот народ и за неговиот духовен, но и национален идентитет. Нејзиното укинување во 1767 година, било огромен удар врз народот на овие наши простори, кој со болка и тага ја доживувал оваа неправда. За тоа ни сведочат делата и жртвите на великаните на македонската историја и култура, кои всушност го преставувале гласот на еден измачен народ, кој жеднеел по своја самостојна црква, а со тоа и по своја самостојна држава. Иако укината, таа реално никогаш не престанала да постои во умот, срцето и мислите на нашиот народ. И денеска, во оваа 2018 година, 1000 години по добивањето на грамотите за потврдувањето на Охридската архиепископија, од страна на византискиот цар Василиј II, нашиот народ не може да признае, и што е уште поважно, да доживува како своја некоја друга црква, освен Охридската архиепископија, а денес претставувана во лицето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Повеќе информации за овој јубилеј на сајтовите на Дебарско-кичевската епархија и Бигорскиот манастир.

 

 
< Претходно   Следно >