Велика Сабота и Благовештение |
7.04.2018. |
Благата вест за зачнувањето на Спасителот, Господ Исус Христос во утробата на Пресветата Дева Марија, на која великиот архангел Гавриил и се јави во архангелска светлина и и рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“, е пречекана со огромна радост во срцата на православните верници ширум светот. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Годинава, радоста е уште поголема, бидејќи чествувањето на светото Благовештение е во очи на најголемото торжество, Воскресението Христово, па така голем е бројот на верници кои ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествените Литургии по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат благата вест. Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
|