Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Велики Петок
Велики Петок
6.04.2018.

 

Sample Image

 

Sample ImageВо храмот на Светите просветители Кирил и Методиј,  Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални  песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот.

 
Sample Image

 

Sample Image На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го чествува споменот на погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“ во Велес, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение.

 

 
< Претходно   Следно >