Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Светиот маченик Агатангел Битолски
Sample Image Sample Image Sample Image 
  
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Светиот маченик Агатангел Битолски
13.03.2018.

 Sample Image

Sample Image Sample Image На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена  архиерејска Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес во сослужение на сите намесници и бројно свештенство од Повардарската епархија.

Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе протоереј Борислав Бобевски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, владико свет!

 
< Претходно   Следно >