16.02.2018. |
На празникот Сретение Господово Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици од епархијата, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино. На овој празник се извршува чин на осветување и благословување на црковните свеќи, па така Митрополитот Агатангел ги освети и благослови црковните свеќи, а исто така овој чин се изврши во сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија.
|