Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Гаврил, епископ Велички
Свети Гаврил, епископ Велички
16.01.2018.

 

Sample Image

 

Sample Image Sample ImageНа денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во предвечерјето на овој ден се отслужи и празнична Вечерна богослужба, на која беше отслужен и акатистот кон светиот епископ Гаврил. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец. Инаку, параклисот во Велес е прв параклис во нашата земја  посветен на светиот Гаврил Велички и ова беше прва архиерејска Литургија отслужена во него.

 
< Претходно   Следно >