Распоред на претстојните празнични богослужби |
26.12.2017. | |
РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ЗА БОЖИКНИТЕ И БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО ВЕЛЕШКОТО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО
- 05.01. 2018 год. (Петок) Преп. Наум Охридски - параклис Преп. Наум Охридски во склоп на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО со Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 07.30 часот; - храм „Св. Кирил и Методиј“ - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО со Света Василиева Литургија со почеток во 07.30 часот;
- 06.01. 2018 год. (Сабота) Претпразненство на Божик - БАДНИК - храм „Св. Кирил и Методиј“ - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 09.00 часот и Празнична Бадникова Поворка која ќе биде благословена од Митрополит Повардарски г. Агатангел - 11.30 часот; - храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Света Златоустова Литургија со почеток во 08.30 часот;
- 07.01. 2018 год. (Недела) Рождество Христово - БОЖИК - соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“ - Света Божикна Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 09.00 часот; - храм „Св. Кирил и Методиј“ - Света Божикна Василиева Литургија со почеток во 09.00 часот; - храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Света Божикна Василиева Литургија со почеток во 08.30 часот;
- 12.01. 2018 год. (Петок) Св. Гаврил Велички - параклис „Св. Гаврил Велички“ во склоп на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.30 часот; - храм „Св. Кирил и Методиј“ - Света Златоустова Литургија со почеток во 09.00 часот;
- 14.01. 2018 год. (Недела) Обрезание Господово; Св. Василиј Велики - храм „Св. Кирил и Методиј“ - Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 09.00 часот; - храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Света Василиева Литургија со почеток во 08.30 часот;
- 18.01. 2018 год. (Четврток) Св. мч - ци Теопемт и Теон - ВОДОКРСТ - храм „Успение на Пресвета Богородица“ - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ со Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 07.30 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) по завршувањето на Литургијата; - храм „Св. вмч. Пантелејмон“ - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ со Света Василиева Литургија со почеток во 07.30 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) после завршувањето на Литургијата; - храм „Св. Кирил и Методиј“ - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ со Света Василиева Литургија со почеток во 07.30 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) по завршувањето на Литургијата;
- 19.01. 2018 год. (Петок) Богојавление - ВОДИЦИ - храм „Св. Вознесение Христово“ - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.30 часот и Празнична Богојавленска Литија до Малото Мовче на реката Вардар, каде ќе се изврши ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ со почеток 11.30 часот ; - храм „Св. Кирил и Методиј“ - Света Златоуствова Литургија со почеток во 09.00 часот; |
< Претходно | Следно > |
---|