Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Никола, Мирликиски Чудотворец

Sample Image

 
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Свети Никола, Мирликиски Чудотворец
20.12.2017.


Sample Image

На 19. 12. 2017 година, на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип и Брегалничката епархија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип. По празнично слово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Мирополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благослови и пресече славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одража пригодна беседа.

Повеќе информации на сајтот на Брегалничката епархија.

 
< Претходно   Следно >