Светиот великомаченик Георгиј |
11.12.2017. |
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот великомаченик Георгиј, во манастирот посветен на овој светител во Валандово, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Божествената Литургија сослужуваа свештенослужители од велешкото и гевгелиското намесништво на Повардарската епархија. Со празнична беседа, пред насобраниот народ во црквата се обрати митрополитот Повардарски г. Агатангел. Поголем број од верниците кои молитвено ја проследија Литургијата се причестија со Светите Христови дарови.
|