Литургија во епархискиот параклис |
8.12.2017. |
На денот на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј Борислав Бобевски во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. Патронот на Македонската црква, Свети Климент, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент.
|