|
Прослава на патронот во епархискиот параклис |
|
7.12.2017. |
|
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Киро Ристов во сослужение на протоереј Борислав Бобевски и протоѓакон Влатко Стоименов, а во присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда.
По завршувањето на Вечерната Богослужба, протоереј Борислав Бобевски имаше кратко излагање за значењето на Свети Климент за македонскиот народ и Македонската Црква, а потоа беа прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта.
|