


| Соопштение |
| 1.12.2017. | |
|
Драги браќа и сестри, На ден 03. 12. 2017 г. во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, со почеток во 8 и 45 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од Велешкото Архиерејско намесништво, ќе отслужи Света божествена литургија и молебен за сите наши браќа и сестри кои се прогонети или во затвори. Светата православна црква се моли за лично преумување и покајание и за спасение на душата на секој човек, без разлика на тоа дали е неправедно прогонет и затворен или пак се огрешил пред народниот или Божјиот закон. Ние православните христијани сочувствуваме со сечие страдање, за нас секој човек е вреден, зашто е создаден според Образот и Подобието Божјо. Aко со достоинство, трпение и благодарност во срцето го поднесуваме страдањето, колку и да е тоа неправедно, од него како низ духовна бања можеме да излеземе и да станеме подобри и подоблесни личности. Затоа, драги браќа и сестри, Ве покануваме сите заедно да земеме учество во овој свет и сечесен чин и преку нашата заедничка молитва да им помогнеме на нашите ближни да го најдат своето спасение од неволјите за кои во овие моменти страдаат. |
| < Претходно | Следно > |
|---|