Преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино |
6.11.2017. |
На 05. 11. 2017 година, се изврши преосветување на црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино. Чинот на преосветување на храмот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на повеќе клирици на Македонската православна црква. По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на градот Неготино, чиј патрон е Свети Атанасиј Велики. Црквата „Св. Атанасиј“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис. Митрополитот Агатангел во оваа прилика им подели благодарници на сите оние кои ја помогнаа целосната реставрација на овој храм.
|