Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Осветување на црква во Радишани |
24.10.2017. | |
Во неделата, на 22.10.2017 година, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со архиереите: г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, г. Агатангел, Митрополит Повардарски, г. Иларион, Митрополит Брегалнички и г. Климент, Епископ Хераклејски, ја освети црквата, новите конаци и крстилната во манастирот посветен на Преподобниот Наум Охридски во Радишани. Повеќе информации за овој свет чин на сајтот на Скопската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|