Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
43-то издание на „Православна светлина“ |
12.10.2017. | |
Излезе од печат 43-то издание на списанието „Православна Светлина“. Овој број, тематски, целосно е посветен на настанот со кој Повардарската епархија го одбележа 50 годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, а тоа е осветувањето на храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Ова издание на „Православна светлина“ е специфично затоа што овој 43-ти број е првиот број кој е испечатен во колор, а тоа е затоа што изобилува со прекрасни фотографии од чинот на осветувањето на велелепниот храм. Се надеваме дека и овој број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|