Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на параклис „Св. Ѓорѓи“
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Осветување на параклис „Св. Ѓорѓи“
25.09.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image На 23.09.2017 Лето Господово, кога се празнува споменот на светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение со протоереј Борислав Бобевски и ѓакон Васил Ристовски во населбата Отовица, изврши мало осветување на домашната црква-параклис во семејната куќа на фамилија Брезеви. Ктитор на храмот посветен на Светиот великомаченик Георгиј е г-динот Ѓоре Брезев со своето семејство. Чинот на осветување беше проткаен со многу возбуда и особена радост на сите присутни роднини и пријатели, како и на мештаните од населбата Отовица.

Митрополитот Агатангел, посочувајќи му на ктиторот за важноста и особеноста на изградбата на вакви храмови, го повика г-дин Ѓоре да го запали кандилото, а на присутните гости им се обрати со кратка беседа, во која помеѓу другото истакна за потребата од вакви храмови, кои, како што рече водат потекло од царско време, кога сите помали или поголеми владетели имале во своите домови вакви мали семејни цркви, во кои му принесувале на Бога секојдневни молитви. Надежта, како што рече Владиката е дека нашите македонци од овој град, па и пошироко ќе го следат овој пример и дека се повеќе ќе се градат светилишта и места кои му се мили на Господа.

На крајот пак, ктиторот изрази особена благодарност до Митрополитот Агатангел, како и до сите присутни за честа која што му е укажана и рече дека дамнешната желба за изградбата на црква во својот дом сега се исполнила и дека ова е градено за здравје и спасение на целото негово семејство, како и на сите добронамерни луѓе за кои овој Божјиот дом нема да биде затворен.

Овој храм беше изграден од вредните раце на мајстор Крсте со неговата тајфа од Мала Преспа, а фрескоживописот во храмот е дело на зографот Гоце Василевски од Велес.

НА МНОГАЈА ЛЕТА!

Подготвил: протоереј Борислав Бобевски   

 
< Претходно   Следно >