Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Одбележани јубилеи во Дебарско-кичевската епархија
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Одбележани јубилеи во Дебарско-кичевската епархија
18.09.2017.

 

Sample Image

 

36 години Архипастирска служба на Митрополитот Тимотеј, 50 годишен Јубилеј од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и 50 години од формирањето на Дебарско-кичевската епархија беа чествувани изминатиов викенд во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Кнежино. Прославата на овие три големи настани, започна на 16.09.2017 година, со свечена воскресна Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се осврна на делото на Митрополитот Тимотеј, како пример за сите архиереи кои сакаат да го следат.

Прославата продолжи утредента, со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел и Иларион, епископот Климент, архимандритите Нектариј и Партениј и бројно свештенство. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

Повеќе информации на сајтот на Дебрско-кичевската епархија .

 
< Претходно   Следно >