Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Кратко житие на отец Димитриј Гагастатис
Кратко житие на отец Димитриј Гагастатис
28.01.2008.
    Отец Димитриј е роден во селото Платанос во околијата на Трикала, Грција, на 1. август 1902 година. Неговите родители, Христос и Катерина Гагастатис биле побожни луѓе. На 10. април 1921 година се нашол во одредот на војници кои биле испратени во Мала Азија. Служел и на неколку места во Македонија, па воениот рок го завршил и бил отпуштен на 18. јуни 1924 година. Во февруари 1928 година се оженил со Елисавета Куцибрис од Платанос. Во истата година, епископот тракиски Поликарп го потстрижал за чтец, а на 24. мај 1931 година го ракоположил за ѓакон. Само два дена потоа, односно на 26 мај, овој епископ го ракоположил за свештеник.
Во овој брак се родиле девет ќерќи. Од оние шест, кои и денес се живи, пет се омажиле, додека една, најмладата, станала монахиња и се посветила на служење на Бога. Отец Димитриј цели 42 години служел како парохиски свештеник во своето село. Се пензионирал на 1. октомври 1973 год. од здравствени причини. Оттогаш се повлекол во својата куќа, каде што живеел како светител, задлабочен во умствената молитва, славејќи Го Бога и благодарејќи Му што го искушува со болест. На 29. јануари 1975 година својата света душа во мир Му ја предал на Бога.
Целиот свој живот бил побожен, праведен, простодушен, скрушен, милосрден, грижлив, исполнет со љубов кон Бога и ближните и непрестано се молел за спасението на целиот свет. Како добар пастир, се грижел за своето словесно стадо и на сите им бил учител, раководејќи ги со своите зборови и писма, а пред сè со својот свет живот.
Приснопамјатниот отец Димитриј со сите свои сили работел за Црквата Христова. Веруваме дека добриот Бог, Когошто несебично Го љубел, Кому себежртвено Му служел и за Чијашто милост постојано преколнувал, веќе го населил во радосните рајски живеалишта, та по молитвите на Сецарицата, Пресвета Богородица, неговите заштитници светите архангели и на сите светии вечно да се радува во блаженствата на Неговото царство.
Неговиот блескав и свет пример да нè раководи сите нас по патот на вистинската христијанска вера и праведното христијанско живеење. 


 
< Претходно   Следно >