Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети пророк Илија
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
Свети пророк Илија
11.08.2017.

 

Sample Image

 

На 02 август 2017 година, на денот кога се чествува споменот на светиот пророк Илија, како и националниот празник на Република Македонија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, протоерејот Никола Христоски, еромонахот Макариј, свештениците Владо Недески и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Парастос за сите наши предци, кои го положиле својот живот за одбрана на Татковината и на светата Црква. По Литургијата, беше прочитано и Илинденското послание, со кое Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, им го честита празникот на сите свои верни чеда.

 

 
< Претходно   Следно >