СВЕТА ТРОИЦА - 3 дел |
25.01.2008. | |
ЛИЧНИ СВОЈСТВА НА ЛИЦАТА НА ПРЕСВЕТА ТРОИЦА
Јасно е учењето на Светото откровение: Отецот е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог и тоа се три лица на едно Божество. Поради тоа православната Црква верува, учи и исповеда дека Бог е еден по битие, а троичен е по лица, т.е. во едната неделива Божја суштина постојат три совршени и совечни лица. Бог во исто време е еден и е троичен. Учењето за единството на Божеството почива на едносушноста на лицата, а учењето за троичноста почива на нивната меѓусебна разлика. Да не е заедничката суштина, не може да се одржи учењето за единството на Божеството, а да не се личните својства на лицата, не може да се одржи учењето за троичноста на Божеството. Без поимот за еднобитноста на лицата би се отишло во тробоштво, а без поимот за разлика на лицата, не може да се разликува едното лице од другото. Свети Дионисиј Александриски вели: „Ние го прошируваме единството во Троица без да ја делиме, а потоа Троица ја возглавуваме во единството без да ја намалиме”.
Личното својство на
Отецот е нероденост, бидејќи Он од
никого не се
раѓа ниту произлегува. Личното својство на Синот е
роденоста, зашто вечно се раѓа од
Отецот. А личното својство на
Светиот Дух е
излегување, зашто вечно произлегува
од Отецот. Личните својства се вечни и неизменливи и
не можат да
се пренесуваат од
едно лице на
друго. Кога личното својство би
се менувало и
би се пренесувало, не би се
нарекувало лично
и ние не
би можеле да
го разликуваме едното лице од Света Троица од другите две. Меѓутоа, секое лице од Света Троица, чувајќи ја
својата самостојност и
личност, се наоѓа и во другите две и не
може да се
замисли без Нив.
Сите три лица
меѓусебно се проникнуваат, живеејќи вечно едно во
друго, со другото и заради другото. „Побожно е
ова сфаќање”, - вели свети Григорие Ниски, „ниту Отецот без
Синот некогаш да
се замислува, ниту Синот без Светиот Дух да се
појмува. Како што
е неможно да
се воздигнеме кон
Отецот ако со
мислата не се
вознесеме низ Синот, така е неможно Исуса да Го
наречеме Господ, освен со Светиот Дух
(1.Кор.12,3). Според тоа,
Отецот и Синот и Светиот Дух
се познаваат секогаш во совршената Троица, во најблиска последичност и
меѓусебно единство, пред сите векови,
пред секоја наша
идеја за било
што. Отецот е
секогаш Отец, и
во Отецот Син,
и со Синот Свет Дух”.
Заедничко во
троичното Божество е
што трите лица
имаат една суштина, едно исто дејствување, една иста волја, една иста власт, една иста моќ,
една иста добрина, па затоа имаат едно заедничко име:
Бог. Отецот, Синот и Светиот Дух
во с# се
едно, освен во
нероденоста, роденоста и излегувањето. Во
Троичното Божество
заедничка е суштината, а ипостаста означува посебност на секое лице. Свети Григориј Назијанзин,
правејќи разлика меѓу
ипостасните својства, вака резимира: „Нероденоста, раѓањето и
произлегувањето се однесуваат: првото - на Отецот, второто на
Синот, третото - на
Светиот Дух, така што неслиеноста на
трите ипостаси се
запазува во единствената природа и достоинство на
Божеството. Синот не
е Отец, бидејќи има само еден
Отец, но Тој
е она што
е и Отецот. Светиот Дух не
е Син, иако произлегува
од Бога, бидејќи постои само еден
Единороден Син, но
Тој е она
што е и
Синот. И Троица се едно по
Божеството и едното - Троица по личните својства”. Блажени Августин пишува: „Отецот
не се намалил Себеси, за да
Го роди од
Себе Синот, туку раѓа од Себе
еден друг Себе,
така што останал во Себе целиот и пребива во
Синот онаков каков што е и
Самиот; исто така
и Светиот Дух
е цел од
сецелиот, не претходи на Оној од
Кого излегува, туку е таков со
Него каков што
е од Него,
не Го намалува со излегувањето, ниту Го зголемува со
Своето живеење во
Него”.
Личното својство на Отецот, со
кое Он се
разликува од Синот и од Светиот Дух е нероденоста. „Под нероденост ние сме научени да разбираме она
што е без
потекло”,
вели свети Григориј Ниски. Според ова
лично својство, Бог
Отец е беспочетен, беспричински, нестворен,
нероден, а во
однос кон другите Божествени
лица Он е
почеток, беспочетен почеток, причина. Додека, пак,
во посебниот однос кон Синот - Он
е Отец, а
кон Светиот Дух
- Производител. Отецот е
независен од с#,
од никого не
се раѓа ниту
произлегува, од никого не добил живот, бидејќи „Отецот има живот во Себе” (Јован 5,26). Он е сам од
Себе, па затоа е начело и
почеток на с#.
Токму така,
во однос кон
другите две лица
од Света Троица, Отецот се јавува како производно лице
- начело, зашто Тие
од Него ја
добиваат Својата личност: Синот по пат на
вечно раѓање, а
Светиот Дух по
пат на вечно произлегување.
Свети Григориј Назијанзин вели: „Според мое мислење, верата во едниот Бог се запазува кога и Синот и Духот ги
врзуваме за едно
единствено Начело, без
да ги составуваме ниту да ги
мешаме, и кога
ја потврдуваме идентичноста на
суштината и она
што ќе го
именувам единствено и
исто движење и
волја на Божеството”. „Иако говорам за три ипостаси”, - посочува свети Јован Дамаскин, „сепак, истакнувам еден почеток, зашто Отецот е почеток на Синот и
Духот, не по
време, туку по
причина, затоа што
Логосот и Светиот Дух се од
Отецот, но не
по Отецот. Како што светлината
е од огнот, и огнот по
време не &
претходи на светлината (зашто невозможно е
да постои огнот без светлина, туку огнот е почеток и причина на
светлината која од
него произлегува), така и Отецот е
почеток и причина на Логосот и
Духот, затоа што
Логосот и Духот се од Отецот, и Отецот не
им претходи по
време. Значи, јас
исповедам еден почеток како природна причина на Логосот и
Духот, имено - Отецот... С# што
имаат Синот и
Духот, имаат од
Отецот, и самото битие, и кога не
би бил Отецот, не би бил
ни Синот ни
Духот. Кога нешто не би имал
Отецот, не
би имал ни
Синот ни Духот. Поради тоа, односно затоа што постои Отецот - постои
и Синот и
Духот, и поради Отецот имаат и
Синот и Духот с# што имаат... Затоа ние не
зборуваме дека Отецот, Синот и Светиот Дух се три
бога, туку тврдиме дека
Света Троица е
еден Бог, бидејќи Синот и Духот се сведуваат на
една причина”.
Признавајќи Го Отецот за
единствена причина и
начело на троичното Божество, ние ни
малку не го
смалуваме или нарушуваме совршеното
единство на Синот и Светиот
Дух во с#
што Света Троица ја прави Троица. „Воведувајќи го
надвременскиот, неразделен и бесконечен почеток на Божеството”, - вели свети Григориј Богослов, „ние подеднакво го почитуваме и
почетокот на Оние
кои се од
почетокот”.
Само монархијата (едноначалието)
го одржува единството на Божјото битие во Света Троица. „Има само
едно начело во
Божеството и, следствено на тоа, постои едноначалие
на најапсолутен начин” вели свети Дионисиј Александриски.
Отецот вечно Го раѓа Синот и вечно од
Него произлегува Светиот Дух, на начин, кој не може
да се искаже и не може
да се претстави. Никакво расудување не
може ни приближно да го изрази тоа раѓање и
излегување. Тоа го
знае само Отецот Кој раѓа, Синот Кој се раѓа
и Светиот Дух
Кој излегува од
Отецот. Свети Григориј Богослов вели: „Ти слушаш за раѓањето на
Синот, не мачи
се да дознаеш каков е начинот на раѓањето. Слушаш дека Духот излегува од Отецот, не
мачи се да
дознаеш како
излегува. Доста ти
е што знаеш дека постои Син
и дека е
од Отецот, дека излегува Духот и
тоа од Отецот. Не биди премногу љубопитен,
за да не
се случи со
тебе тоа што
се случува со
окото кое се
загледува во сончевата светлина”. Свети Кирил Ерусалимски вели: „Не се срами да го признаеш своето незнаење, зашто ти не знаеш, тоа што ни
ангелите не знаат”. На
прашањето: Кога настанало раѓањето и произлегувањето?, свети Григориј Богослов одговара: „Пред секое кога. А ако
треба да
се изразам посмело: тогаш кога и
Отецот. Кога пак
настанал Отецот? - Никогаш не било Отецот да не бил.
Исто така, никогаш не било да
не бил Синот и да не
бил Светиот
Дух. Пак прашај ме, и пак
ќе ти одговорам. Кога е роден Синот? Кога Отецот не беше роден. Кога Духот произлегол? Кога Синот беше,
не произлегувајќи, туку роден надвор од
времето и несфатливо. Иако ние не
можеме да го
замислиме тоа
што е над
времето, дури и
ако го избегнеме, како што сакаме, секој израз кој
означува време. Затоа изразите: кога, пред, по, од почеток, не го исклучуваат времето, па колку ние
и да се
напрегнуваме во тоа”.
Умовите на
создадените битија (ангелите и човекот) не
можат да го
сфатат не само
начинот на вечното раѓање на Синот и вечното излегување на Светиот Дух,
туку ни разликата помеѓу вечното раѓање на Синот и
вечното излегување на
Духот. Разликата, нема сомнеж постои, зашто и раѓањето на
Синот и излегувањето на
Светиот Дух
од Отецот означуваат два посебни облика на ипостасното постоење, кои не смеат да се мешаат. „Разликата помеѓу раѓањето и излегувањето постои”, - вели свети Јован Дамаскин, „но природата на
таа разлика ние
не можеме на
никој начин да
ја сознаеме”.
Личното својство на Синот е
раѓање. Он вечно се раѓа од
природата на Отецот. Тоа
значи дека Отецот никогаш не бил
без Син. Отецот без Синот не
би можел да
се нарече Отец,
зашто ако некогаш постоел без Синот, тогаш не бил
Отец. Ако подоцна почнал да има
Син, тогаш подоцна постанал Отец. Оваа ерес Црквата ја
осудила, зашто вечното постоење на
едниот е условено со вечното постоење на другиот.
„Вечен
е Отецот, па
затоа вечен е
и Синот и
Неговото раѓање е
вечно”
(Псал. 2,7; 109,3; Мих. 5,2), „едно и
единствено во непристапната Божја светлина” (Јован 1,18; 10,30), „и необјасниво” (Иса.
53,8). По својата
природа, „раѓањето е исклучително и
достојно на
Бога. За него
нема споредување, не
само во тварите, туку ни во
мислите, ни во
разумот, зашто човековата мисла не може
да разбере, како неродениот
Бог постанува Отец на Единородниот Син,
зашто тоа раѓање е вечно и
непрестајно”, вели Ориген. Раѓањето како вечен акт
е независно од
времето и е
над времето,
па затоа за
Синот не може
да се рече
дека се родил, туку дека се
раѓа. „Во вечноста немало момент кога Отецот бил
без Син, туку секогаш постоеле заедно - Отецот како Отец,
а Синот како
Син”,
вели свети Атанасиј Велики. А Блажени Августин дополнува: „Отецот секогаш Го раѓа Синот и Синот секогаш се раѓа”.
Божеството иако
раѓа, тоа раѓање е бестрасно, безвременско и
бестелесно. Он се
раѓа на Божествен начин (вечно, духовно и совршено), а
не на човечки, зашто и Неговото битие не е
човечко. Според зборовите на свети Атанасиј Велики, тоа е
„совршено
раѓање од Совршениот”. Синот се раѓа
од суштината на
Отецот, но притоа суштината на Божеството не
се разделува, ниту се намалува, ниту се осквернува.
За неизменливоста на
природата на Отецот при раѓањето, свети Кирил Ерусалимски вели:
„Отецот
раѓајќи го Синот, останал Отец и
не се изменил. Он ја родил Мудроста, но сам
не останал без
мудрост. Родил Син,
но не изнемоштил. Родил Бог, но
не се лишил од Божеството. Ништо не изгубил, ни
се намалил, ниту изменил. Исто така
и Родениот
нема никаков недостаток. Совршен е Оној Кој
родил, совршен е
и Родениот. Бог
е Оној Кој
родил, Бог е
и Родениот”.
Вечното раѓање на Синот од
Отецот е недостижно за разумот. Но
сепак, за да
може донекаде да
се проникне во
тајната на вечното раѓање на Синот, учителите
на Црквата употребувале некои споредувања.
Но, тие споредувања не се потполни и совршени, бидејќи помеѓу Бога и
земните работи не
може да има
споредувања. Споредувањата се само помошни средства, кои само
донекаде ни помагаат во откривањето на
тајните. За вечното раѓање на Синот од Отецот употребувани се
овие споредувања:
Синот се раѓа
од Отецот како
светлина од светлина, како живот од
живот, како вистина од вистина,
како премудрост од
премудрост и како
светлина од оган.
Така Синот, раѓајќи се од Отецот, не се одвојува од Отецот, туку секогаш е неразделив од Него како
светлоста од огнот. Но, и покрај сите споредувања, ова
раѓање останува тајна, која само Бог
ја знае. Свети Гриогориј Боголов вели:
„Божјото раѓање нека биде почитувано со
молчење. Голема работа за тебе е
да знаеш дека
Синот се раѓа.
А како, убедени сме дека тоа
ни ангелите не
можат да го
сфатат, а
камо ли ти.
Сакаш ли да
ти објаснам како
се родил? Онака како што тоа
го знаат Отецот Кој родил, и
Синот Кој се
раѓа, а с#
што е повеќе од ова покриено е со облак и недостапно е
за твојот слаб
вид”.
Вечното раѓање на Синот од
Отецот, „Го прави единствен Син Божји” (Јован
1,18; Рим 8,32), за разлика од луѓето кои
можат или не
можат да станат синови Божји по
благодат. Созданијата се
раѓаат по Божјата волја, а не
од Божјата природа. „Единствено Господ Исус Христос е
Божји Син по
природа, а луѓето се Божји синови по вера и
по благодат низ
Исуса Христа” (Јован 1,12; Рим 8,14; Гал.
4,4-7). Затоа Спасителовите зборови: „Се враќам при Својот Отец
и вашиот Отец,
при Својот Бог
и при вашиот Бог” (Јован
20,17), ни зборуваат дека
Бог Отец не
е во иста
смисла Отец на
Синот и Отец
на луѓето. Бог
Нему Му е
причинител и начело, а на луѓето е творец. Ова
се гледа од
зборовите: „Својот Отец и
Својот Бог” и „вашиот Отец
и вашиот Бог”, Свој по природа, а
ваш по посиновување преку благодатта.
Токму затоа Синот Божји и се
нарекува „Единороден” (Јован
1,18; 3,16 и 18; 1.Јов. 4,9) и „сопствен” (Рим
8,32).
Светото откровение го нарекува Божјиот Син: Логос - Слово, укажувајќи
на духовноста на
Неговото божествено раѓање и на Неговото Божество. Како што
човечкиот збор
се раѓа од
разумот, а притоа тој не се
намалува, така и
Синот духовно се
раѓа од Отецот, не намалувајќи Го,
туку служи како
вечно Слово на
Отецот, вечен Разум на Отецот, вечна мудрост на Отецот, вечен блесок на
славата Очева и
вечен Лик на
Отецот. Овде треба да се забележи дека помеѓу човечкиот дух и неговите зборови од
една страна, и
Бог и Неговите зборови од друга, има неспоредлива разлика. Бог секогаш Го
има Своето Слово Кое се раѓа
од Него и
Кое не е
како нашиот збор
неипостасно и во воздухот разлеано, туку е
ипостасно, живо, совршено, не надвор од
Бога, туку секогаш во Него. Светиот апостол Јован Богослов со
малку зборови дава
точна смисла на
вечното раѓање на
Синот од Отецот, велејќи: „Во почетокот беше
Словото, и Словото беше во Бога,
и Бог беше
Словото. Тоа
во почетокот беше
во Бога” (Јован 1,1-2).
Личното својство на Светиот Дух
е вечно излегување од Отецот. Како што Синот вечно се раѓа од
суштината на Отецот, така и Светиот Дух вечно излегува од суштината на
Отецот. Начинот на
постоењето на Светиот Дух е поинаков од начинот
на постоењето на
Синот. Светиот Дух,
Своето постоење го
добива по пат
на излегување, а Синот по
пат на раѓање. Иако се разликуваат излегувањето
и раѓањето,
сепак, Синот и
Светиот Дух во
с# останато се
еднакви меѓу Себе
и со Отецот.
За личното вечно својство на
Светиот Дух ни
открива Самиот Спасител на Тајната вечера, зборувајќи
им на Своите ученици: „Кога ќе дојде Утешителот,
Кого што ќе
ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он
ќе сведочи за
Мене”
(Јован 15,26). Овие зборови јасно покажуваат: дека Светиот Дух е
самостојна ипостас, дека излегува од Отецот и дека се
испраќа во светот преку Синот. Значи, постојат две
работи: првата е
излегувањето на Светиот Дух од Отецот како
од причинител и начело на
Божеството, а втората е испраќањето на
Светиот Дух
во светот преку Синот. Првата е внатрешна и
вечна и се
врши во троичното
Божество без оглед на создадениот свет,
а втората е
привремена и се
случува во
однос со светот на создадените битија. Имено, Светиот Дух,
како Бог го
продолжува спасоносното дело,
кое Синот го
извршил како Богочовек. Спасението на
луѓето е заедничко дело на Света Троица, поради што
Спасителот им зборува на Своите последователи: „Јас ќе
Го помолам Отецот, и Он ќе
ви даде друг
Утешител,
за да биде
со вас довека - Духот на вистината” (Јован 14,16 и
17). Значи Новиот завет нас н# учи
дека Светиот Дух
вечно излегува од
Отецот, а во
времето, заради спасението на
светот, се испраќа во светот од
Отецот и Синот, па поради тоа
и се нарекува „Дух на
Синот”
(Гал. 4,6). Свети Јован Дамаскин вели: „Во Божјата природа, проста и несложена, треба побожно да се исповеда битието на Духот Божји, но би
било безбожно да
се мисли
дека во Бога,
Духот е нешто што доаѓа однадвор, како што тоа
бива кај нас
сложените
битија. Ние до
ништожност би го
унижиле величеството
на Божјата природа, кога за Духот, Кој
е во Бога,
би мислеле како
за нашиот дух.
Но, ние сме
должни да Го
сметаме како суштествена сила, Која постои во Својата
сопствена и посебна ипостас, Која излегува од Оца и
во Логосот почива, Која не може
да се одвои од Бога во
Кого што постои, ни од Логосот Кого Го следи, Кој не може
да исчезне во
небитие, туку Која,
како и Логосот, постои лично, живее, има слободна волја, се движи самостојно, активна е, секогаш сака добро, има
сила секоја желба на својата волја да ја спроведе, а нема ни
почеток ни крај.
Зашто ни Отецот никогаш не бил
без Логосот, ниту Логосот без Духот”.
Како што
Синот се раѓа
од Отецот на
таинствен и несфатлив начин, така и
Светиот Дух излегува од Отецот на
начин не помалку таинствен и несфатлив. Вечното излегување на Светиот Дух
од Отецот ја
прави разликата на
Светиот Дух како
лице, и од
Отецот и од
Синот како лица.
А од друга страна Го прави во с# еднаков и рамен со
Отецот и Синот. Излегувањето
е начин и
облик на постоење на Светиот Дух
како одделно Божествено лице. Според свети Јован Дамаскин: „тоа е
подруг начин од
раѓањето, кој е
насфатлив и непознат, исто како и
раѓањето на Синот”.
Учењето за
личното својство на
Светиот Дух, Црквата верно го чувала, секогаш го
исповедала и во
осмиот член од
Символот на верата го формулирала. Таа
во богослужението, а
особено на празникот Педесетница,
силно го нагласила Божеството
и личното својство на Светиот Дух.
Новозаветниот поредок на трите лица
на Божеството: Отец, Син и Свет
Дух, во никој случај не значи суштествена,
логичка или хронолошка подреденост
на лицата. Овој поредок е затоа што по тој
ред лицата од
Света Троица се
откривани во Светото откровение,
Отецот се открива низ Синот во
Светиот Дух. По
тој редослед
ние дознавме за
Нив. Отецот го
ставаме на прво
место бидејќи Он
е причина на
Синот и Светиот Дух. Тука се
утврдува некој поредок со кој се
условува редоследот на
имињата: Отец, Син
и Свет Дух. Свети
Василиј Велики вели:
„Ние
не броиме одејќи од еден кон
мноштво со приведување докази, велејќи: еден, два, три или
прв, втор, трет. Зашто Јас сум
Бог прв и
Јас сум повеќе и од тоа” (Иса. 44,6). Никогаш до овој ден не се рекло: вториот Бог, - но, обожувајќи Го Бога од Бога, исповедувајќи ја индивидуалноста на
ипостасите
без да ја
делиме природата на
мноштво, ние остануваме во едноначалието (монархијата). |
< Претходно | Следно > |
---|