Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Групна крштевка на реката Бабуна
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Групна крштевка на реката Бабуна
14.07.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 15. 07. 2017 година (сабота) и беше десетта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква, оваа година изнесуваше 39.

Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија протоереј-ставрофор Горан Панзов, свештеник Игор Пармачки, свештеник Драги Гаштарски и ѓакон Александар Стеваноски.

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква.

 
< Претходно   Следно >