Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Преподобен Наум, Охридски чудотворец
Sample Image Sample Image Sample Image
ФОТО МАТЕРИЈАЛ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ВЕЛЕС
Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
 
Преподобен Наум, Охридски чудотворец
4.07.2017.

 

Sample Image

 

„Денес се јави нашиот отец и голем застапник, и просветител, јасниот Наум.

Пријдете да се собереме, мноштва мизиски, и да му се радуваме,

бидејќи тој сите нас нѐ просветли, и мракот на прелеста го разруши.

Тој Го следеше Христа и себе се предаде за жртва благопријатна.

Тој, и неговиот многуславен спомен и празник, сега на сите верни

им предлага духовна гозба. Затоа со љубов да го прославиме“.

 

Просветителот и оној кој на сите кои со вера ќе го повикаат им приоѓа на помош, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, и оваа година беше прославен со молитви и големи почести. Неговите светли подвизи, надалеку прочуени, и оваа година привлекоа огромен број верни од цела Македонија, но и надвор од неа, кои дојдоа да му се помолат и поклонат на Црноризецот. Реката верен народ, која трпеливо чекаше пред Светинаумовиот манастир, уште еднаш потврдува дека Бог е голем во неговите светии, а чудата на овој наш застапник ја покажуваат силата на молитвата и подвизите. 

Празнувањето на преподобниот Наум Охридски, започна ден претходно, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевски, еромонасите Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово.

Прославата продолжи утредента, на 03. 07. 2017 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован, од Албанаската православна црква, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевски, еромонасите Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

Повеќе информации на сајтот на Дебарско-кичевската епархија .

 

 
< Претходно   Следно >