Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Света Божествена Литургија во Лешочкиот манастир
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Света Божествена Литургија во Лешочкиот манастир
13.06.2017.

 

Sample Image

 

На 11. 06. 2017 година, по повод 50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, како и по повод 10-годишнината од осветувањето на возобновената манастирска црква „Св. Атанасиј Велики“, во Лешочкиот манастир, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА.

По литургијата беше отслужена трисагија во чест и помен на упокоените Валаамските монаси, како и во чест и помен на 172 години од упокојувањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, и четири години од упокојувањето на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил.

 

 
< Претходно   Следно >