Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Канонизација на светиот епископ Велички, Гаврил
Sample Image Sample Image Sample Image
 
Канонизација на светиот епископ Велички, Гаврил
29.05.2017.

Sample ImageМакедонската православна црква – Охридска архиепископија го впиша во списокот на светиите, Епископот Гаврил Велички. Прославата за впишувањето на Величкиот епископ Гаврил Светогорец во списокот на светиите започна на 27. 05. 2017 година со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Следниот ден, на 28.05.2017 година беа донесени моштите на епископот Велички Гаврил Светогорец, по што беше отслужена света Архиерејска литургија на која началствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ. На светата Литургија беше објавена Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква за впишување во списокот на светиите на Епископот Велички Гаврил Светогорец.

 

 
< Претходно   Следно >