Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Велики Петок
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
Велики Петок

 

Sample Image

 

Sample Image На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го чествува споменот на погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“ во Велес, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение.

Исто така во храмот на Светото Вознесение Христово во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални  песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот.

 
< Претходно   Следно >