Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Велики Четврток
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Велики Четврток
13.04.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image

Со Света Василиева Литургија на Велики Четврток во храмот „Успение на Пресвета Богородица“  во Велес, започна празнувањето на торжествените празници кои му претходат на Христовото Воскресение.  Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше извршен општ маслосвет, кој се прави за здравје и спасение и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници. Митрополитот го поучи насобраниот народ зошто се осветува ова масло и кога и како да го користи ова осветено масло.

Sample Image

На Велики Четврток вечерва, исто во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 18.00 часот, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, отслужи утрена богослужба на која бea прочитани 12-те страдални евангелија во кои се опишани настаните поврзани со распнувањето и страдањата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14).

Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.

 
< Претходно   Следно >