Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Велигденско издание на „Православна светлина“
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Велигденско издание на „Православна светлина“
12.04.2017.
Sample ImageВо пресрет на торжеството над сите торжества, настанот кој носи радост во секоја човечка душа, настанот кој во себе ја содржи суштината на нашата вера, суштината и основата на христијанството и на нашето спасение, Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна Светлина“.

„Овој свет без Бога престојува во мрак. Но, во тој мрак свети вечната светлина и темнината не може да ја победи. Затоа на денот кога го празнуваме Воскресението носиме запалени свеќи, за симболично да ја покажеме непобедливата сила Христова, која е светлина и живот. Светлината и животот секогаш одат заедно. Каде што има сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Така е и во духовниот свет - таму каде што има духовна светлина, таму каде што Евангелската светлина свети во душата на човекот, таму има и духовен живот, бесмртност, има трајни вредности, има светлина која од Бога излегува и која нè доближува до Него“.

Токму во овој извадок од една беседа на нашиот Митрополит г. Агатангел се состои смислата на постоењето на ова списание, кое има основна цел, како што покажува и самиот наслов – „Православна Светлина“, да ја донесе Божествената Светлина во нашите срца и читајќи ги редовите содржани во него да нè доближат до Престолот на Севишниот, да се обидеме да станеме подобни на Бога и да се обидеме да се подготвиме колку што можеме подостојно да вкусиме од залогот за вечноста, за да го обезбедиме нашето спасение.

Во овој број, 41 по ред, во единаесетата година од неговото постоење,  стандардно, како и досега, обработивме  теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

 
< Претходно   Следно >