Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Акатист кон Пресвета Богородица
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Акатист кон Пресвета Богородица
3.04.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image На 31. 03. 2017 година,  во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа протоереј Борис Симоновски, протоереј Мики Миовски, свештеник Игор Пармачки, свештеник Јани Мулев и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Инаку на оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост.

По завршувањето на малото Повечерие традиционално беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.

 
< Претходно   Следно >