Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Крстопоклона недела
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
 
Крстопоклона недела
20.03.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image

На 19. 03. 2017 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Повардарската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија. 

Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек.

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

Водејќи се од љубовта и состраданието со напатениот македонски народ, Неговото Високопреосвештенство, митрополитотот Повардарски г. Агатангел, после отслужената Божествена Литургија, благоволи да отслужи Молебен за умножување на љубовта, следејќи ги двете најголеми Христови заповеди: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!“ (Мт. 22, 37-39). На овие две заповеди се заснова целиот живот на секој православен христијанин, и благодарение на нив може да се посведочи пред светот дека од наша страна е разбрана христијанската максима и аксиома дека „Бог е љубов“ (1 Јн. 4,8). Но, поради човечката немоќ, често се заборава на горенаведеното, па предавајќи се на гревот на себељубието и сопствениот интерес, љубовта кон ближниот се намалува. Резултат на намалувањето на љубовта кон ближниот се немирите и конфликтот меѓу истокрвните браќа, Македонци, кои како библиски народ треба да бидат пример на целиот свет дека ја сфатиле Божествената суштина, како и тоа како истата љубов кон Бога и ближниот се применува на практика. За полесно постигнување на оваа цел, во Молебниот за умножување на љубовта, се проси „силата, дејството и благодатта на Својот Пресвет Дух вистински да ги љубиме не само ближните и нашите браќа, туку и нашите непријатели и да им правиме добро на оние што нè мразат“. Господ да ни ја дарува Неговата божествена благодат да ги надминеме сите несогласувања со нашите браќа, да се возљубиме еден со друг и заедно да продолжиме да ја градиме нашата од Бога благословена држава.

 
< Претходно   Следно >