Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Великопосен концерт
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Великопосен концерт
20.03.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image На 18. 03. 2017 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес се одржа Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува четврта година по ред во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово. Како и минатата година, на овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, речиси целото свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот младински хор. Во рамките на Великопосниот концерт беа изведени четиринаесет композиции, поделени во три дела, во кои покрај нашиот хор, како гости настапија и хорот „Св. Злата Мегленска“ од Скопје, а годинава велелепноста на ова прекрасно духовно и музичко збиднување беше збогатена и со настапот на нашиот црковен хор од Гевгелија Св. Јован Кукузел. На почетокот на Великопосниот концерт пред присутните слово изрече и Митрополитот Агатангел, кој го благослови го овој настан.

 

Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >