Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Недела на православието
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Недела на православието
6.03.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image Sample Image Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите архиерејски намесници и свештенослужители од градот Велес. На Литургијата Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин ѓакон, досегашниот ипоѓакон Александар Стеваноски од Велес. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј-ставрофор Горан Панзов.

По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 
< Претходно   Следно >