Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Aкатист на Пресвета Богородица
Sample Image Sample Image Sample Image Sample Image
 
 
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Sample Image

Се известуваат сите православни верници од градот Велес дека за време на Великиот Пост, Литургии на претходно осветени дарови, во деновите среда и петок (и празници во текот на неделите), ќе се служат во храмовите „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 07.30 часот, а секој петок за време на Великиот Пост, ќе бидат служени и Акатисти со петолебие во истите храмови, со почеток во 17 часот.

 
 
Aкатист на Пресвета Богородица
6.03.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image Во првата седмица од Великиот Пост, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и секоја година присуствуваше на Великопосните богослужби, како и големите повечерија со канонот на Св. Андреј Критски, кои се служат секој ден. Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Козма и Дамјан“.

 
< Претходно   Следно >