Соопштение-Тодорова сабота и Недела на Православието |
2.03.2017. | |
![]()
Се известуваат сите верници од Повардарската епархија дека на Тодорова Сабота ќе се отслужи Света Божествена Литургија во сите парохиски храмови во Повардарската епархија.
![]()
Во Неделата на Православието, пак, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес на која ќе биде извршен молебен. Во духот на православната традиција ги повикуваме верниците да ги донесат своите домашни икони и да учествуваат во Литијата во спомен на победата над иконоборството. |
< Претходно | Следно > |
---|