Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Божествена Литургија на Божик
Божествена Литургија на Божик
8.01.2008.

       

Sample Image
 
Навистина се роди! - извикуваа радосно сите верници во соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, кога Митрополитот Агатангел објави дека се роди Спасителот на светот, Исус Христос. Прославата на Рождеството на Господ Исус Христос е најубавиот момент во христијанските православни срца и души, па така верниците од Велес масовно ги посетија сите храмови низ градот и молитвено се поклонија пред Богомладенецот Христос.

  

Sample Image

 

Централната прослава на Рождеството Христово беше Божествената Литургија која се одржа во соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, а со која, во присуство на бројно свештенство на Повардарската епархија, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 

Sample Image  

 

 
 
 
 
 

 

Радоста која ја носи со себе овој ден, беше надополнета и со ново ракополагање. Митрополитот Агатангел благоволи и го ракополжи досегашниот чтец, дипломираниот теолог Јани Мулев од Велес, во чин ѓакон.

 

 
 
 
 
 
 
Оние верници кои беа подготвени, се причестија 
со Светите христови дарови.
 
  Sample Image
 
 
 
 
Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан го прочита архиерејскиот намесник од Велес, протоереј - ставрофор Славе Јованов.  
 
 
 
 
 
 
< Претходно   Следно >