Божествена Литургија на Божик |
8.01.2008. | |
![]()
Навистина се роди! - извикуваа радосно сите верници во
соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, кога Митрополитот
Агатангел објави дека се роди Спасителот на светот, Исус Христос.
Прославата на Рождеството на Господ Исус Христос е најубавиот момент во
христијанските православни срца и души, па така верниците од Велес
масовно ги посетија сите храмови низ градот и молитвено се поклонија
пред Богомладенецот Христос.
![]()
Централната прослава на Рождеството Христово беше Божествената Литургија која се одржа во соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“, а со која, во присуство на бројно свештенство на Повардарската епархија, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Радоста која ја носи со себе овој ден, беше надополнета и со ново ракополагање. Митрополитот Агатангел благоволи и го ракополжи досегашниот чтец, дипломираниот теолог Јани Мулев од Велес, во чин ѓакон.
Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан го прочита архиерејскиот намесник од Велес, протоереј - ставрофор Славе Јованов.
|
< Претходно | Следно > |
---|