Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Богојавление Водици
Sample Image Sample Image Sample Image
ФОТО МАТЕРИЈАЛ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ВЕЛЕС
Sample Image
Sample Image
Sample Image
Sample Image
Sample Image
 
Богојавление Водици
5.01.2017.

 

Sample Image

 

Sample Image

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Мики Миовски од Велес, а потоа го удостои со чин ставрофор и право на носење на граден крст, протоерејот Горан Панзов од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.    

Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 50 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Стојанов Влатко од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар оваа година покрај многубројните велешани присуствуваше и Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, градоначалникот г-дин Славчо Чадиев и пратениците од Велес.

 
< Претходно   Следно >