Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Распоред на претстојните празнични богослужби
Распоред на претстојните празнични богослужби
4.01.2017.

 

Sample Image

 

05. 01. 2017 година (четврток) – Свети Наум, Охридски Чудотворец

08.15 часот - Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.

06. 01. 2017 година (петок) – Бадник

08.15 часот – Царски часови со Василиева Вечерна Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.

07. 01. 2017 година (сабота) – Рождество Христово - Божик

08.15 часот - Архиерејска Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на Светиот Пантелејмон во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија.

08. 01. 2017 година (недела) – Собор на Пресвета Богородица - втор ден Божик

08.00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Св. Параскева Петка“ во Кавадарци на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија.

09. 01. 2017 година (понеделник) - Св. архиѓакон и првомаченик Стефан - трет ден Божик

08.00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Негорци на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од гевгелиското намесништво на Повардарската епархија.

14. 01. 2017 година (сабота) – Обрезание Христово; Св. Василиј Велики; Православна Нова година

08.00 часот - Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од сите намесништва на Повардарската епархија.

18. 01. 2017 година (среда) – Водокрст

08.00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.

19. 01. 2017 година (четврток) – Богојавление - Водици

08.00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. По завршувањето на Литургијата ќе се формира литија од Црквата до Мало мовче каде што ќе се изврши осветување на водите на реката Вардар и ќе биде фрлен чесниот и животворен крст.

20. 01. 2017 година (петок) – Собор на Свети Јован Крстител

08.00 часот – Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Свети Козма и Дамјан“ во Велес на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.

 

 
< Претходно   Следно >